Студентски пленум: Срушен покрив во ходникот во студентскиот дом „Гоце Делчев“

by Фокус 10:08
10:08

Студентскиот пленум на својата официјална фејсбук страна објави фотографии од срушен дел на покрив во еден од ходниците на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, што предизвика бурни реакции за лошата состојба во која се наоѓаат студентите сместени во овој дом.

Пленумци велат дека овој пат немало повредени, но прашуваат дали нивните колеги и наредниот пат ќе ја имаат истата среќа.

- Advertisements -

– Домовите се распаѓаат исто како и системот во државата, но ние сè уште немаме добиено нов специјален студентски дом за да се спасат студентите живи од бедата во која живеат и која се руши околу нив. Ова е блокот Б во студентскиот дом “Гоце Делчев”, во кој пред некој ден како што може да се види на сликите се срушил дел од кровот во еден од ходниците. Овојпат немало повредени. Дали и наредниот пат нашите колеги ќе бидат еднакво среќни или пак до тогаш ќе добијат нов (специјален) студентски дом? – реагираат од Студентскиот пленум.

 

Поврзани новости