380
Овде не сме за да поддржиме некоја политичка партија, туку затоа што сметаме дека е значајно тоа што се зборува, а не кој го кажува, рекоа говорниците од Студентски пленум на денешниот граѓански протест.
– Студентите никогаш нема да бидат робови. Ние немаме гумени куршуми, имаме само книги и цветови. Од се што баравме добивме затворени институции. Криминалци, убијци, лицемери ќе направат се за да останат на власт – рекоа тие.