Студентскиот пленум реагираше на најавата на премиерот Никола Груевски дека студентите од семејства со пониски примања ќе добијат таблети. Тие велат дека ова е само површна реформа, а на високото образование и на студентите им се потребни континуирани вложување и финансиска поддршка. Според Пленумот, оваа најавена мерка служи за одвлекување на вниманието од вистинските проблеми.
-Сакаме човечки услови во студентските домови, сакаме соодветна и современа литература на македонски јазик, сакаме опремени лаборатории за природонаучните и техничките факултети, сакаме асистенти, сакаме студентски мензи, сакаме студентски бенефиции, сакаме бесплатен јавен превоз. Сакаме да знаеме дека ќе може да најдеме работа дома. И дури тогаш, проектот за бесплатен таблет би имал некоја смисла, соопшти Студентскиот пленум.
Според Пленумот, вакви еднократни награди кои служат за одвлекување на вниманието од вистинските проблеми, во моментов не им се потребни на студентите.