Студентскиот пленум јавно ја поддржува иницијативата за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ.
– Како хоризонтално движење кое се заснова врз принципите на директна демократија ја поздравуваме одлуката на Советот на Општина Центар, за првпат во нашето општество да ја искористи најдиректната алатка на граѓанска партиципација и градење на вистински став на една заедница – истакнаа од Студентскиот пленум.
Според нив, наметнувањето на нови изгледи на јавниот простор прераснало во навика и поради тоа улиците и парковите во кои растеле веќе не се препознатливи.
– Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ на неколку наврати, поддржана од многумина активисти, професори, архитекти и студенти, му кажа не на барокот и конечно успеа да ја донесе одлуката во рацете на тие кои навистина треба да одлучат – граѓаните на Општина Центар. Доволно беше силувањето на јавните простори, дојдете и одлучете дали навистина ни е потребна уште една барокна неавтентична фасада, дали навистина се потребни уште милиони за ваква измена на ова скопско катче и дали тоа е градот во кој сакате да живеете – соопштуваат од Студенсткиот пленум.