Студентски отпор: Запленети сите грејни тела во студентскиот дом „Гоце Делчев“

by Fokus

До Студентски Отпор стигна информација дека надлежните ги заплениле сите грејни тела во студентскиот дом “Гоце Делчев”.

„Освен тоа им се заканиле дека ќе ги избркаат студентите кои не ги послушале нивните наредби. Го гледаме ова како агресивна и драконска мерка која не успева да ја реши основната причина за проблемот. Забраната за користење грејни, дел од антикризните мерки на Владата опстојуваше во текот на целата зима, а сега повторно на студентите им се ускратува правото на основно греење во постудените месеци.

Сметаме дека ова е неприфатлива антикризна мерка и дека студентите не треба да бидат исклучени од основните потреби“ реагираат од Студентски отпор/

Тие ги повикуваат властите да ги преиспитаат своите постапки и да ги исклучат студентите од антикризните мерки на владата.

Поврзани новости