Како и секоја академска година, така и оваа студентите повторно се соочуваат со истите проблеми од претходните години, соопштија денеска од Студентскиот отпор, од каде што најавија дека е можно да излезат на масовни протести.
Годинава, се наведува во соопштението, месечната кирија во студентските домови се зголеми на 3 945 денари, трошоците за амортизација на 700 денарии, за испринтани четири листови А4-формат при вселување студентите плаќаат 500 денари, а 300 денари плаќаат за фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто.
„Еден од најголемите скандали пред почетокот на академската година е тоа што на студентите во студентските домови им е укинат и појадокот. Наместо да добијат зголемување на сумата на субвенционираниот студентски оброк (ССО), МОН им скратува појадок и им ја зголемува киријата за 30 проценти“, се наведува воо соопштението на Студентски отпор.
Оттаму додаваат дека во однос на субвенционираниот студентски оброк на само две недели пред почетокот на новата академска година, сѐ уште немаат информација на кои места и во кои угостителски објекти ќе можат да се користат наменетите средства за ССО