Студентски и средношколски пленум денеска на заеднички состанок

by Фокус

Средношколскиот и студентскиот пленум денеска ќе одржат координативна средба на која ќе ги дефинираат натамошните дејствувања на пленумите, чија цел е запирање на лошите реформи во образованието, пишува НОВА.

-Денешниот состанок со студентскиот пленум ќе го оствариме со цел да се дефинира стратегијата за понатамошно делување. Нашите идни активности ќе ги насочиме врз база на искуствата од Студентскиот пленум. Засега не би коментирале кои чекори конкретно понатаму ќе ги преземеме, но веднаш по средбата јавноста ќе биде информирана што точно како пленум сме одлучиле – велат од Средношколскиот пленум.

Досега локални претставништва на пленумот се формирани во Тетово, Скопје, Битола, Кичево и Куманово, чии поддржувачи застануваат зад ставот дека екстерното тестирање на начинот на кој се реализира во Македонија е необјективно претставување на вистинското знаење на учениците.

 

Поврзани новости