440
Попладнево од 16 часот пред македонското Собрание започна студентскиот протест, кој беше најавен дека ќе се случи пред неколку дена.
Според информациите, протестот се одвива во мирна атмосфера, а студентите со пароли во рацете ги кажаа своите барања до надлежните институции.
„Студентски оброк или политички облог“, „СТУДенти“, „Се тресеме од студ, не од страв“, „На гладно и на ладно не се учи“, се дел од пораките кои ги испратија студентите, а по протестот е најавена средба на студентските претставници со министерот за образование Јетон Шаќири и со пратениците предлагачи на измените на Законот за студентски стандард.
Фото – Прес 24