Откако во јавноста излезе информацијата дека се срушил плафон во Студентскиот дом „Гоце Делчев“, од таму излегоа со екпресна реакција. Тие информираат дека веднаш интервенирале и извршиле санација по падот на плафонот во зградата В, но велат, имало индиции дека штетата е намерно предизвикана, односно се работело за свесно и намерно уништување на инвентарот.
– Дополнително би сакале да информираме дека поради дотраеноста на студентскиот дом „Гоце Делчев“, изграден пред повеќе од 4 децении, а во насока на унапредување на студентскиот стандард и капацитетите за сместување на студентите, започна процесот на темелна реконструкција на сите објектите во состав на овој дом, со средства обезбедени од страна на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука – се наведува во соопштението на домот.
Реконструкцијата се реализирала етапно, во неколку фази и согласно предвидената динамика во акцискиот план, а се очекува да биде завршена во текот на 2017 година.