662
Во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу” во Скопје три дена со ред нема струја.
Студентка од домот раскажува за „Фокус” дека со нејзините цимерки во моментов се топлат само со кебиња, додека во целата зграда и вечерва е мрак. Вели дека парно нема со денови, а струја пак, доаѓа одвреме-навреме по два-три часа.
-Ужас! Веќе трет ден немаме парно, а надвор е -20 степени. Се буневме, но кој да не чуе. – се жали таа.
Револтирани студенти и вечерва се симнаа да бараат одговор од Управата, но без резултати. Од таму им рекле дека проблемот не е во нив и дека не можат ништо да преземат. Фокус проба да стапи во контакт со надлежните во домот, но до објавувањето на текстот, никој не одговори на нашите повици.
И.К.