Студентите утре ќе протестираат пред Собрание, додека пратениците ги гласаат новите законски измени во високото образование

by Фокус 11:19
11:19
Студентите утре во 11 часот повторно ќе го кренат својот глас против владините реформи во високото образование, откако новите законски измени во истото време ќе се најдат пред народните избраници. Тие, во организација на Студентскиот пленум под мотото „Пратениците го трчаат почесниот круг! – РЕФОРМСКИ МАРАТОН“ ќе излезат на четврти протест, но сега пред Собранието.
Студентскиот пленум упати порака до студентите:
-Почитувани колеги! Да одиме и соодветно да ги пречекаме маратонците пред финишот, односно собраниските порти, со громогласен аплауз и честитки во трката за лоши реформи во образованието! Ги покануваме сите студенти да дојдат со свои пароли и свирчиња за да ги бодриме маратонците во нивната тешка трка – кој прв да стисне „ЗА“ законот и упропастување на образованието! – се наведува во соопштението од Студентски пленум.

Поврзани новости