Студентите со транспаренти ќе упаднат на „јавната дебата“ на Педагошкиот факултет, на која не се повикани

by Fokus

Од Студентскиот пленум планираат со транспаренти во рацете да упаднат на јавната дебата во просториите на Педагошкиот факултет денес во 14 часот, револтирани бидејќи воопшто не биле повикани, иако тие се најмногу засегнати од воведувањето на државниот испит на факултетите.

– Студентскиот Пленум не беше исконтактиран да присуствува, и покрај својот легитимитет кој го доби на студентскиот марш и бројните изјави на министерот во кои тој вели дека се чека само конкретен предлог закон за да се дискутира со студентите. Токму поради тие причини, ние ќе бидеме таму. Ќе видиме колку оваа дебата е вистински „јавна“.Ве повикуваме да дојдете заедно со нас – се наведува на нивната фејсбук страна.

Стефан Видиков од Студентскиот пленум во изјава за „Фокус“ тврди дека тие се револтирани бидејќи никој не ги повикал на „јавната дебата“ и поради тие причини, тие сами ќе се појават таму.

– Планираме да се собереме и со транспаренти во рацете да се упаднеме да дебата, на која за жал никој не нѐ повикал. Дебатата е божем јавна, пред два дена е закажана, а никој не е информиран за тоа – тврди Видиков.

Јавната дебата на Педагошкиот факултет треба да биде за државниот испит и другите мерки предложени од страна на Владата.

Поврзани новости