Студентите по право повеќе нема да учат англиски јазик

by fokus

Новите студенти по право, кои ќе студираат на скопскиот Правен факултет најверојатно нема да учат англиски јазик. Оваа информација во јавноста ја сподели универзитетскиот професор Тони Дескоски, кој вели дека ја доживеал како непријатно изненадување.

-Деканот на Правниот факултет ни соопшти на Наставно-научниот совет дека во новата Студиска програма на Правните студии најверојатно ќе отпадне предметот Англиски јазик (не не збирало со предметите).
Проверив, на Правните факултети во Београд, Загреб и Љубљана (трите во првите 500 на Шангајска листа), задолжително има странски јазик (правна терминологија), нашиша на фејсбук професорот.

Тој додава дека се надева оваа грешка ќе биде исправена.

-Искрено се надевам дека нашиот Факултет нема да продолжи со оваа глупост и дека Англиски јазик (и англиска правна терминологија) ќе си остане во студиската програма, пишува Дескоски.

В.В.

Поврзани новости