Студентите од Тетовскиот универзитет ја бојкотираат професорката која ја обвинија за психичко малтретирање

by fokus

Професорката Бесијана Мехмеди е во центар на скандалот кој минатиот месец изби на Тетовскиот државен универзитет, односно на Факултетот за уметности.

Група нејзини студенти ја обвинија дека психички ги малтретира и поради тоа организираа два протеста. Бараа таа да биде разрешена од позицијата професор.

Студентите ја обвинија дека за време на предавањата ги малтретирала и им се заканувала поради тоа како тие се однесувале на Фејсбук, што лајкувале и кои политички партии ги следеле. Во еден момент на студент му се заканила дека „ќе го фати за гуша“, тврдат студентите.

Сепак, деканот на факултетот само писмено ја опомена професорката и им понуди на студентите предавањата да ги следат кај друг професор.

Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени, организација која го поддржа протестот, за „Фокус“ вели дека тие најостро го осудуваат однесувањето на професорката Бесијана Мехмеди и сметаат дека лицата кои се закануваат, навредуваат и малтретираат студенти, местото не треба да им биде на универзитетите.

Ходаи додава дека за да се спречат вакви скандалозни случаи, важно е Универзитетите да преземат мерки до разрешување на професорите кои се закануваат.

По неколкунеделен протест и бојкот, студентите на Факултетот за уметности – музичка насока избраа да не слушаат предавања и да не земаат испити кај професорката Бесијана Мехмеди. Наместо неа од деканот на Факултетот за уметности, за замена е именуван Бајрам Чупи, информираше Ходаи.

К.С.Б.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости