Студентите на ФИНКИ повторно на протест пред Влада

by Fokus

Студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) повторно на протест пред Владата.

Со протестен марш од Градскиот парк до Владата, побараа нови простории за да можат нормално да следат настава.

Над 5 000 студенти на ФИНКИ во моментот следат настава во различни простории на техничкиот кампус, но и надвор од него, како на пример, на Педагошкиот факултет. Тие бараат трајно решение на просторниот проблем и велат дека во вакви услови тешко одат и следењето на наставата и полагањата на предметите.

Ова е втор протест на студентите пред Владата, а тие се поддржани и од професорите. Деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски, кажа дека чекаат одговор од Владата во врска со идејата за дислокација на Бирото за развој на образование од техничкиот кампус, со што ФИНКИ би добил привремени простории.

Поврзани новости