Неодамна добивме информација дека парното во студентскиот дом “Стив Наумов” не работи,реагираат од „Студентска ревилуција“ со допис до медиумите во кој споделуват и комуникација со студентите кои се жалат дека веќе три – четири дена немаат греење.
-На студентите станари во студентскиот дом “Стив Наумов” им е кажано дека парното во втора ламела нема да биде поправено. Ова претставува значителен предизвик и проблем, особено кога се приближуваат постудените месеци. Итно бараме ваша помош за ширење на овие информации до пошироката јавност. Од клучно значење е сите да бидат свесни за ситуацијата за да може да се преземат соодветни мерки за навремено решавање и отстранување на проблемот со греењето, пишува во дописот потпишан како „Студентска револуција“.