Со оглед на лошиот стандард на средношколците и на студентите, проблемите со матурата, доцнењето на парите за студентски оброк, средношколското здружение ОДАС ги повика студентите на заеднички протест в петок пред Министерството за образование.
– Имајќи ги предвид актуелните прашања околу средношколскиот и студентскиот стандард (државна матура, субвенциониран студентски оброк и слично), ги покануваме студентите да се придружат на протестот во петок од 12.30 часот пред МОН за заедно да издејствуваме подобрување во образовниот систем. Овие неколку години, како учесници во образовниот систем, се соочивме со голем број предизвици за кои вреди да се дискутира и да се лобира кај надлежните се наведува во повикот што средношколците го испратија до студентите.
Средношколците бараат намалување на материјалот или кратење на предметите за државната матура.