Организацијата Студентски отпор ќе се приклучи на протестот кој за денес го најави универзитетското студентско собрание (УСС) при УКИМ пред Министерството за образование и наука.
Тие се револтирани поради како што велат неефикасното работење на МОН и доцнењето на стипендиите за постојните и за новите корисници.
„И покрај најавите на МОН дека стипендиите за месец октомври и останатите ќе бидат исплатени на 1 февруари како краен рок, сепак нашите трансакциски сметки останаа празни. Средства кои денес ги немаме, а сме приморани да ги користиме за покривање на трошоците за запишување на семестар и останати тековни трошоци за студирање. Исто така веќе две години го пробиваат сите рокови за започнување на реконструкцијата на студентските домови кои се со субстандардни услови, а многу пати досега беше ветено дека ќе се започне реконструкцијата во најбрз можен рок“, велат од Студентски отпор.
Протестот е најавен од 14 часот под мотото „Студентите обединети“.