Студенти од Хрватска со протестен молк ги поддржаа српските колеги

by Фокус

Со петнаесетминутно молчење и порака дека „солидарноста не познава граници“, студенти во Загреб, Сплит и Осиек денеска изразија солидарност и поддршка за своите колеги во Србија кои протестираат повеќе од два месеца по падот на бетонска настрешпница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.

Поддршката за српските студенти ја покажаа со 15 минути молчење, од 11:52 до 12:07 часот, во времето кога на 1 ноември минатата година се урна настрешницата.

Во Загреб на преполниот плоштад студентите носеа бројни транспаренти како – Рацете ви се крвави, Две букви, иста порака, 15 минути за жртвите на корупција, Србите ја уриваат власта, во нас будат надеж, Солидарност со сите жртви на репресивниот систем во Србија, Еден свет, една борба, Академска солидарност, Солидарност со студентите… и пораката Заедништво напишана на кирилица.

Поврзани новости