266
Студент од Свазиленд (23 годишен) синоќа околу 2 часот бил избоден со нож во студентски дом во Нов Белград. Тој со тешки повреди бил примен во болницата во Земун, јавуваат српските медиуми.
Информациите се дека студентот од Свазиленд бил повреден по расправија и тепачка со 25-годишен колега од Гвинеја.
Засега не е познато што и претходело на пресметката на двајцата студенти од Африка.
Студентот кој го повредил колегата е уапсен, а ранетиот со возило на брза помош бил пренесен во болница во Земун, изјавил полициски извор.
Според неофицијални информации, ранетиот студент има убодна рана на стомакот и расекотини на рацете бидејќи се обидувал да му го одземе сечилото од рацете на напаѓачот.