Марихуана, амфетамини и кокаин се пронајдени при претрес во домот на 29-годишниот студент од Јордан М.А. со живеалиште на ул. „Руѓер Бошковиќ“ во Скопје. М.А. е уапсени и му е одредена мерка притво во траење од 30 дена.
Тој се сомничи за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. При претресот во неговиот дом пронајдени се 133,75 грама марихуана, 19,85 грама амфетамин; 26 таблети (Ekstazi-МDMA), една дигитална вага со остатоци од марихуана и амфетамин и огледало со остатоци од амфетамин и кокаин. Предметите биле одземени со потврда за одземени предмети.
Освен М.А. за време на претресот биле уапсени уште три лица Македонци, кои биле затекнат во станот на студентот.
„За време на претресот, во домот на М.А. биле затекнати и лицата Ѓ.А. (31) од Куманово и Ж.М. (20) од Тетово со адреса на живеење во Куманово, а во текот на вршењето на претресот во домот влегол и Д.С. (19) од Скопје. Полициските службеници извршиле преглед кај овие лица. Притоа, кај Д.С. била пронајдено една кесичка со марихуана, која со потврда била одземена, додека кај лицата Ѓ.А. и Ж.М. не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело“, велат од полицијата.
Од таму додаваат дека сите четири лица биле лишени од слобода и во Полициската станица Гази Баба со нив бил извршен разговор. За настанот и преземените активности бил информиран Јавен обвинител.