Студентските домови во Скопје должат 4,55 милиони евра

by Фокус

Државниот студентски центар „Скопје”, под чија закрила функционираат студентските домови „Стив Наумов”, „Гоце Делчев” и „Кузман Јосифовски – Питу”, до 31 мај имаат долгови од 280.754.637 денари или 4,55 милиони евра, соопштија од Министерството за образование и наука.

За комунални услуги, греење, комуникација и транспорт ДСЦ „Скопје“ има долг од 101.720.685,00 денари до крајот минатиот месец.

Доколку, раководството на ДСЦ „Скопје“ – Скопје, навреме ги подмируваше долговите и обврските, немаше да се доведат студентите кои се сместени во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ но и во останатите студентски домови да ги подготвуваат испитите во темница, и да стравуваат дека ќе останат без електрична енергија или вода за пиење и елементарни услови за престој во објектите“, се наведува во соопштението.

 

Поврзани новости