Во поголемиот дел од Македонија врнежите ќе бидат од снег и тие ќе бидат обилни, освен на некои пониски места каде ќе врне дожд, особено во централните и во југоисточните предели.
На планините и на Скијачките центри до денес вечер ќе се формира снежна поркивка од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до околу половина метар.
На пониските места со надморска височина од 500 метри па нагоре таа ќе изнесува од 5 до 10 сантиметри, понекаде и над 20 сантиметри.
На возачите им се советува крајно внимателно да управуваат со своите возила, особено ако се движат кон планинските превои и Скијачките центри, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Температурите за време на викендот и тоа наутро понекаде ќе се спуштат дури до околу -10 степени.
Многу студено ќе биде и преку ден со максимални дневни температури кој на повеќе места ќе останат околу нулата, понекаде тие ќе останат и негативни.