0
Времето утрово по одделни котлини и речни долини е со услови за појава на магла. Преку денот, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност, освен во среда кога ќе има услови за повремен локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла или ниска облачност, а дневната температура ќе биде без значителни промени.