Утрово времето ведро и студено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 9 Целзиусови степени.
До четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот.