Студено утро, слаб ветер, попладне локален дожд

by Fokus

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во попладневните часови и кон крајот на денот, претежно во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб јужен ветер.

Во Скопје ќе има услови за појава на магла, преку денот ќе биде сончево со умерена облачност.

Дневните температури ќе се движат до 3 до 12 Целзиусови степени.

Поврзани новости