Времето утрово студено, преку ден ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови и особено во југозападните, од пладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје наутро студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
До среда времето ќе се задржи стабилно и студено особено наутро, потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст.
Во среда најпрвин во планинските региони потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег на пониските места од дожд и снег. Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири и на повисоките места.