0
Ведро и студено утро, а преку ден сончево со мала локална облачност. Ова, како што предвидуваат синоптичарите е временска прогноза за денешниот ден.
Минималната температура ќе се движи од -7 до 1, а максималната ќе достигне 4 до 12 степени“ информираат од УХМР.
И во Скопје утрото ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево.
„Минималната ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 11 степени“,се вели во соопштението од УХМР.
Следните денови следува стабилно и суво време со студени утра. В петок и сабота по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.