Студено утро, попладне сончево и ветровито со температури до 9 степени

by Fokus

Времето утрово е студено, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 км/ч.

Минималната температура ќе се движи од -1 до -9, а максималната од 0 до 9 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата утрово се спушти до -6, а максималната ќе достигне 4 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од -1 до 6 Целзиусови степени.

Поврзани новости