Во текот на изминатото деноноќие нашата територија се наоѓаше под влијание на циклонот СМИЕН кој речиси насекаде услови нови врнежи од дожд. Најмногу дожд досега има наврнато во Пожаране и тоа 47 л/м2, потоа во Маврово 36, Гевгелија 32, Тетово 27, Претор 22, Битола и Охрид 18 и Скопје 12 л/м2.
Во текот на денешниот ден се уште ќе има услови за повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Потоа до сабота ќе имаме релативно стабилно и суво време, иако локално ќе има позналчителна облачност. Нови повремени врнежи од дожд ќе имаме во текот на ноќта недела кон понеделник, кога на високите планини не се исклучува можноста и за провејување на снег.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 12 до 19 степени, додека наутро ќе биде релативно студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени. На повисоките и планинските места ќе биде постудено.
Подготви: Славчо Попоски