Студено утре, а преку ден ќе биде сончево со појава на мала облачност, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), посочувајќи дека минималната темперература ќе биде во интервал од 2 до 9 степени, а максималната од 11 до 19 степени.
Ќе дува и слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
„Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени“ – велат од УХМР.
Оттаму велат дека следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нулата, а дневните до петок ќе бидат во постепен пораст.
На крајот на работната недела ќе има услови за појава на слаб повремен дожд.
Дотогаш ќе продолжи да дува северен ветер.