Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од минус 10 до минус 3, а максималната од 1 до 8 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму велат дека во Скопје ќе биде променливо облачно и претежно тивко.
„Минималната температура ќе се спушти до минус 5, а максималната ќе достигне до 3 степени“, соопштија од УХМР.
Минималните утрински температури благо ќе опаѓаат и ќе се движат од минус 10 степени до минус 2 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 2 степени до 8 степени.
Како што информира УХМР, до недела ќе се задржи стабилно и постудено време со ниски утрински температури. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи.