Стружанец возел со 2,40 промили алкохол во крвта

by valentina 13:11
13:11

Од СВР Охрид информираат дека ноќеска бил уапсен стружанец кој возел под дејство на алкохол.

-На 06.09.2026 во 00:30 часот на регионалниот пат помеѓу струшките села Калишта и Радожда, лишен од слобода е Б.Б. (50) од с. Радожда, струшко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ кое тој го управувал и притоа кај него констатирале 2,40 промили алкохол во крвта. Тој, веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возилото и возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од СВР Охрид.

Слични вести