446
МВР информира дека вчера во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, во атар на с. Арнакија, патничко моторно возило „фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(49) од с. Лабуништа, Струшко, удрило во А.С. (31) од с. Јурумлери, Скопско.
Од здобиените повреди на местото починал пешакот А.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.