26-годишен жител на Ливада, струшко се здобил со телесни повреди, откако со својот автомобил излетал од коловоз кај селото Мороишта и удрил во бандера. Неговиот сопатник се здобил со тешки телесни повреди.
„Утринава во 3:25 часот било пријавено дека на регионалниот пат во близина на село Мороишта патничко моторно возило „Фолсваген голф“ со струшки регистерски таблици управувано од Х.В.(30) од село Ливада-струшко излетало од коловозот и удрило во бандера. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешка телесна повреда се здобил сопатникот во возилото Х.Ш.(26) од село Ливада-струшко, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата „Свети Еразмо-Охрид“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.