384
Четириесет и петгодишниот П.К. од струшкото село Велешта вчера бил приведен пред казино во Струга, откако, како што соопштија од МВР, влегол во казиното и со закани од благајникот побарал пари, по што почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата.
„Тој продолжил да се заканува и кон полициските службеници кои набрзо пристигнале на местото на настанот. Потоа фрлал и со предмети при што го оштетил предното стакло од полициското возило. Во еден момент, П.К. ја ставил раката во торбата што ја имал и им се заканал на полициските службеници дека наводно ќе активира бомба. Тој набрзо бил совладан и лишен од слобода“, информираат од полицијата.