500
Струшката фирма „Дрим Билдинг“ со тужба ќе си ги бара парите назад од Меѓународниот сојуз на Боки 13, пренесува Канал 5.
Првиот човек на фирмата, Ардиан Амзоски за Канал 5 вели дека и покрај тоа што очекувале дека преку проектот за старечки домови ќе помогнат во решавање на важни социјални прашања, се изненадил од тоа како завршила целата приказна.
Тие склучиле договор со Меѓународен сојуз пред една година, кога на потпретседателката Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ и исплатиле 233 илјади евра.
Но, откако по рокот од шест месеци не им биле вратени парите, се одлучиле за тужба.