Струмица се подготвува за карневалот

by Fokus

Општина Струмица се подготвува за традиционалниот Струмички карневал, кој ќе започне во среда, со симболичното предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот на карневалистите, а ќе трае до наредната среда, кога тие повторно ќе му го вратат клучот на градоначалникот.

За време на настанот најавени се многу активности. Изложби, концерти, детски карневал, маскенбал со избор на принц и принцеза на карневалот, варење на бел грав на плоштадот ,,Гоце Делчев” и друго.

- Advertisements -

Се очекуваат илјадници посетители од земјава и од регионот. Интернационалната карневалска поворка која привлекува најмногу внимание ќе се одржи во сабота, на деветти март со почеток од 18.30 часот, на булевар ,,Маршал Тито” и плоштад ,,Гоце Делчев”. Во 1995 година Струмица со својот карневал се вклучи во големата фамилија на карневалските градови во светот, односно беше примена во FECC – Здружение на европски карневалски градови. Бројот на гостите секоја година се зголемува и хотелските капацитети редовно се исполнети по повод настанот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости