Струмица ќе трча за фудбалерот Томе: 160 000 евра се потребни за лекување

by fokus

На 22-ри јуни во Струмица, со почеток од 12 часот ќе се одржи хуманитарна трка во организација на Здружение за помош и поддршка на лица со Даун синдром – Вера. Учеството на трката изнесува 100 денари, а средствата се наменети за младиот струмичанец Томе Јанев, кому му е потребно лекување кое изнесува околу 160.000 евра.

Од Вера известуваат дека стартот на трката е од шеталиштето кон градскиот парк, се до Амфитеатарот, каде ќе се финишира. Апелираат струмичани, но и сите хумани луѓе од целата земја да земат учество на настанот и да помогнат како и многу пати во минатото.

-Томе Јанев е младо момче (29 години) од Струмица, кое неодамна се соочи со дијагноза, болест на моторниот неврон или ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis). Ова младо дете беше активен фудбалер од својата најрана возраст во македонските клубови Силекс, Брегалница, Кожуф, Хоризонт Турново и матичниот клуб Беласица. Љубителите на фудбалот во Кратово многу добро се сеќаваат на него, кога пред неколку години одигра одлични мечеви во дресот на Силекс и остави прекрасен впечаток и како играч и како човек.

2019 ја започнавме со лоша вест за здравствената состојба на Томе. На 29-годишниот струмичанец му беше дијагностицирана ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis), болест на моторниот неврон. Болеста е во почетна фаза, но доколку не му се помогне навреме, последиците од неа може да бидат катастрофални, преку целосна атрофија на мускулниот систем. Надеж за подобрување на неговата состојба има преку лекување и терапија со матични клетки на секои четири месеци во рок од три години информираат од Вера.

Отворени се телефонски линии за донации за помош на младиот фудбалер.

Телеком – 143 454 и ВИП – 143 502

Вики Клинчарова

Поврзани новости