Струмица ќе и крева споменик на Баба Ванѓа

by fokus

Општина Струмица ја прифати иницијативата на група граѓани, да се изгради споменик на претскажувачката баба Ванѓа, јави СДК.мк.

Иницијативата ја доставил Никола Пандев од ВМРО-ДПМНЕ, кој побарал општината да излезе во пресрет на граѓаните кои сакале празник „Св. Петка” да се отпочне процедурата за спомен обележје бидејќи овој празник бил заштитник и на баба Ванѓа.

Советниците на СДСМ бараа одложување на иницијативата дури не се прецизира локацијата и формата на спомен обележјето, но и со чии средства да се гради споменикот, дали со општински пари или преку донација.

На крајот, советниците сепак ја прифатија инцијативата и ја задолжија Комисијата за општествени дејности да ја разгледа истата и да предложи дополнување на Програмата за одбележување на значајни настани и личности со спомен обележја во Општина Струмица.

Инаку, Баба Ванѓа е родена во Струмица во 1911 како Вангелија Пандева Димитрова, а со години живееше во Петрич, Бугарија.

Поврзани новости