243
Струмица ќе добие десет електрични автобуси за воведување на јавен превоз. Градоначалникот Костадин Костадинов рече дека автобусите ќе почнат да возат веќе во септември.
„Треба да ги преземеме клучевите од новите електрични автобуси за потребите на граѓаните на Струмица, и испишуваме историја како граѓани на Струмица, затоа што нашата општина немала јавен превоз, а потребите во ова скапо време знаеме колкави се. Струмица е еден од градовите во кои се соочуваме со енормна загаденост на воздухот“, рече Костадинов.