Струмичкиот доктор го влечел своето куче врзано за кола, ќе одговара за мачење животни

by fokus

Поднесена е кривична пријава против докторот од Струмица кој влечеше куче врзано за кола. 61-годишниот К.З. ќе одговара за „мачење животни“.

Случајот го обелодени во јавност здружението за заштита на животни „Анима мунди“, според кои кучето починало од изнемоштеност.

Според видеото споделено со медиумите, осомничениот го влече кучето врзано за синџир со кола во движење. Според полицијата настанот се случил во понеделникот.

„Пријавениот од с.Борисово до продавнца во с.Мокриево, со метален синџир го врзал своето куче за задната страна на возилото, и додека го управувал возилото го влечел животното“, велат од МВР.

 

Поврзани новости