Струмички карневал е во сигурни раце, кажа Костадинов по вчерашниот концерт под маски

by Fokus

Учениците од музичкото училиште ,,Боро Џони” од Струмица, синоќа одржаа концерт под маски. Настанот е дел од програмата на Струмички карневал, а на истиот во публиката беше и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

По концертот, тој воодушевено изјави дека иднината на Струмички карневал е во сигурни раце.

- Advertisements -

-Каква вечер! Какво уживање и воодушевување!Ова го има само во карневалска Струмица и никаде на друго место.Струмица е градот кој шири мир, љубов, заедништво.Уште еден концерт под маски за паметење, вечерва ни приредија учениците и професорите од музичкото училиште ,,Боро Џони”.
Каква љубов кон карневалот, прекрасни маски и извонредна изведба!
Иднината на струмичкиот карневал е во сигурни раце!
Догодина со уште поголем концерт под маски, повторно заедно ние сите, порача Костадинов.

Струмичкиот карневал официјално започна завчера, со симболичното предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот, на карневалистите.

Покрај бројните карневалски активности кои се случуваат деновиве, во сабота ќе се одржи големото карневалско дефиле, на кое ќе учествуваат 35 групи, од кои 11 се меѓународни.

Се до дефилето, маските на учесниците се држат во тајност.

Вики Клинчарова

Поврзани новости