Струмичани се подготвуваат за карневалот

by Fokus

Струмичани традиционално започнаа со подготовките на маските за карневалот, кој годинава ќе се одржи од шести до 13-ти март.

Во склоп на настанот кој што секоја година привлекува илјадници посетители од регионот ќе се одржи маскенбал на кој ќе се изберат принц и принцеза, кои заедно со кралот ќе ја предводат интернационалната карневалска поворка.

Главната карневалска вечер ќе се случува во сабота, на деветти март. Наредниот ден, на верскиот празник Прочка ќе се одржи детскиот карневал, а пак на 11-ти ќе бидат објавени резултатите за најуспешните маски. Карневалот ќе заврши на 13-ти март, со Тримерските обичаи.

Струмичкиот карневал е еден од најстарите во земјава. Бил споменат од страна на познатиот отомански патеписецот Евлија Челебија уште во 1670 година. Во 1995 година Струмица со својот карневал се вклучи во големата фамилија на карневалските градови во светот, односно беше примена во FECC – Здружение на европски карневалски градови, а во 1998 година Струмица беше и домаќин на Конгресот на оваа светска асоцијација.

Вики Клинчарова

Поврзани новости