Струмичанецот што го превезувал Палевски: „Ме искористи, не знаев за убиствата“

by Fokus

Стефан Димковски од Струмица кој го превезувал Љупчо Палевски осомничен за убиството на Вања и Панче, пред полицијата рекол дека не знаел дека лицето што го вози извршило двојно убиство, пренесува „Скопје1“.

Рекол дека бил искористен и им ги кажал плановите на Палчо, за тоа каде ќе престојува во Турција.

Димковски го возел Палевски од Белград до граничниот премин со Турција на граничниот бпремин Капетан Андреево. Тој вчера беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојрани. Од рутата токму на денот кога се возел со осомничениот за убиство Палчо, самиот Димковски објави фотографија на својот Фејсбук.

Рекол дека за убиствата дознал на 3 декември кога обвинителството објави дека Вања и Панче се убиени, а во јавноста се прошири веста дека организатор и извршител е Палчо.

Поврзани новости