498
Шеесетгодишен струмичанец починал од струен удар, додека извршувал работни задачи, информираа од СВР Струмица.
-Во СВР Струмица вчера било пријавено дека во кругот на фирма во селото Градско Балдовци од струен удар починал Р.М.(60) од Струмица.
Според пријавеното, Р.М. се здобил со повреди од струен удар додека извршувал работни задачи и од здобиените повреди починал на местото, велат од СВР Струмица.
Оттаму додаваат дека бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на семејството.