Полицијата вчера уапсила жотел на Струмица кој извршил четири тепки кражби, украл пари и предмети од автомобил и од апарти за кафе, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Вчера во 10 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.П.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека ноќта меѓу 30-ти и 31-ви мај извршил четири кривични дела ‘тешка кражба’ во автомобил и апарати за кафе на подрачјето на Струмица, при што одзел пари и други предмети. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од предметите и алат кој го употребувал при вршење на делата“, соопшти МВР.
Од МВР велат дека лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.