Рано утринава во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, Струмичко.
Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера, пак, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Р.(19) од Охрид, ученик во средно училиште во Охрид.
Тој се сомничи дека од ученичка во училиштето одзел пари. Парите биле пронајдени кај него и биле вратени на сопственичката.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.