Структури на ДУИ во Сарај се приклучуваат на Демократското движење, објави Изет Меџити

by fokus

Структури на Демократската унија за интеграција од Сарај се приклучија на Демократското движење, објави на Фејсбук Изет Меџити.

-Меѓу личностите кои му се придружуваат на Изет Меџити се голем број носители на политичкото делување на ДУИ во огранокот Сарај. Мухамед Рама, претседател на подогранокот Радуше, поранешен претседател на Советот на Општина Сарај, актуелен општински советник, Зухејр Реџепи, член на огранокот на Сарај од Горно Свиларе, Насер Мухареми, поранешен претседател на подогранокот на Долно Свиларе, основач на ДУИ и поранешен борец, додека сличен чекор има и поранешниот портпарол на Огранокот на ДУИ во Сарај, познатиот новинар Африм Таналари. Селајдин Белули, член на подогранокот Сарај од формирањето на ДУИ, Мухамед Елмази, претседател на подогранокот Сарај и член на Генералниот совет на ДУИ, а во моментов советник во Град Скопје, Арсим Рустеми, член на огранокот во Сарај од подогранокот од Арнаќија и Ајрула Мустафа, член на огранок Сарај од подогранок Семениште, соопшти Меџити кој тврди дека интерес за преминување има и друг дел од ДУИ кои се очекува за брзо да му се приклучат.

Како што соопштува Меџити, за координатор на Демократското движење за огранокот во Сарај го назначува Мухамед Елмази, советник во Град Скопје, додека Мухамед Рама е именуван за заменик координатор, Претседател на Советот на Општина Сарај.

Поврзани новости