Струга ТЛ со пораз од Есперанж избори пласман во плеј-офот во Лигата на конференции

by Fokus

Екипата на Струга Трим Лум се пласираше во плеј-офот во Лигата на конференции. Стружани вечерва загубија со 2-1 од Есперанж од Луксембург, но тимот на Шпетим Дуро успеа да стигнр до последната фаза пред групите во Лигата на конференции благодарение на домашниот триумф од 3-1.

Хендикеп за Струга ТЛ во првиот дел беше исклучувањето на Марјан Радески во 15. минута.

Сепак, во 17. минута Бесарт Ибраими со гол го доближи македонскиот првак до плеј-офот.

Во вториот дел Есперанж нападна, и преку Хемкемајер израмни во 70. минута.

Во четвртата минута од судиското надополнување Еспаранж стигна и до 2-1 и до победа на овој меч, но недоволна да се дојде барем до продолженија.

Екипата на Струга ТЛ во плеј-офот ја чека двомеч со исландски Бреидаблик, кој испадна од Лигата на Европа од Зрински Мостар.

Поврзани новости